Јужнокорејскиот уметник Џае-Хјо Ли фрлените парчиња дрво ги претвора во уметнички дела, кои во исто време се и елегантни, и функционални и веднаш го заробуваат вашето внимание.
Овие неверојатно убави скулптури се резултат на внимателната и макотрпна работа на Јае-хјо Ли; откако ќе состави заедно различни парчиња дрво, тој ги нагорува и потоа внимателно ги полира за да создаде визуелен контраст и мазна површина.
„Сакам да ги истакнам природните карактеристики на дрвото без да се забележува дека сум се трудел“, вели Ли. „Сакам да исползувам најмногу што можам од својството на материјалот. Малите нешта се насобираат за да предадат посилна моќ, поголема енергија. Поради тоа имам и толку големи дела.“