Неодамна објавеното археолошко откритие во Русија ја донесува историјата на канабисот во центарот на вниманието на јавноста. Новооткопаните златни бонгови се дополнителен доказ дека човештвото пушело трева уште од зората на времето.

Тревкарско руско злато

k01

Испитувањето на црната смеса залепена на дното на две поголеми чаши ископани во една древна скитска могила близу Ставропол, Русија, дало неверојатни и зачудувачки резултати.

Се испоставило дека древниот талог е мешавина од опиум и канабис. Смеса која би го треснала од земја секој кој би ја вдишел.

Херодот знаел каде да се набави добра роба

k02

Златните скитски богатства и дрогата најдена во нив ги потврдуваат историските легенди запишани од грчкиот историчар Херодот. Тој тврдел дека номадските Скити во руските степи биле познати по нивните стимулирани ритуални церемонии. Тој пишува, „ниедна грчко испарување не може да ги надмине“ дрогите употребени во ритуалите на страшните варвари.

Конопот во древна Кина

k03

Херодот и скитските рекреативни дроги датираат приближно до 6. и 5. в. пр.н.е. Но, други култури биле навлезени длабоко во дрогата уште одамна пред тоа.

Археолошките пронајдоци кои сведочат за широка употреба на конопот уште пред 8000 години, посочуваат кон тоа дека човештвото било свесно за најразличните примени на растението канабис многу пред историскиот период.

(Дрогираната) воздигнатост на раните кинески императори

k04

Првата историска употреба на марихуана датира до митскиот кинески император Шенонг, во почетокот на 3. милениум пр.н.е.

На него му се припишува создавањето на најраната кинеска фармакопеја и се смета древниот татко на кинеската медицина. Наводно тој претпочитал различните растителни лекарства кои ги препорачувал првин да ги тестира на себе. Помеѓу нив се вбројувало нешто наречено „ма“, коешто се преведува со „отрпнатост од коноп.“

Ритуалот „Банг“ на Хималаите

k05

Отприлика во исто време, канабисот бил вброен во индиските ритуални Ведски саги како едно од петте свети растенија.

Марихуаната била главната состојка на магичниот пијалок наречен „банг“. Всушност, и сѐ уште е. Банг на големо се конзумира од современите Индијци како дел од Холи, фестивал на боите кој се прославува секој Март.

Египетската божица на тревата

k06

Древните Египќани исто така на големо го користеле канабисот како лекарство. Го употребувале за лечење на хемороиди во вториот милениум пр.н.е. Во еден медицински текст од 2. век н.е. дури отишле толку далеку што дискутирале за марихуаната како лек против рак.

Можеби и мистериозната божица Сешат е покровителка на чудотворното растение. Покрај перото со кое таа и нејзиниот сопруг се секогаш прикажани, како богови на пишувањето, знаењето и инженерството – Сешат секогаш е прикажана покрај растението со познат изглед. Во древните магични текстови таа исто така се опишува како таа која ги „отвора небесните врати“ за секој кој трага по знаење.

Бесплатните грицки на Фреја

k07

Сешат не е единствената божица која се поврзува со марихуаната. Норвешката божица на љубовта, Фреја, исто така се поврзува со употребата на овој наркотик.

Како дел од ритуалите во нејзина чест во древна Германија и светот на Викинзите била вклучена и конзумацијата на делови на марихуана.

Средновековната медицинска марихуана

k08

Не само што не ја прогласиле незаконска, туку во средновековна Европа и исламскиот свет марихуаната била широко прифатена поради нејзините лековити особености.

Канабис сатива, како што е латинското име на растението, редовно било вклучувано во фармацевтските текстови кои ги промовирале нејзините исцелителни особености.

Марихуана си го пробива патот во новиот свет

k09

Знаете ли како марихуаната стасала во Америка? Била намерно донесена од страна на првиот бран колонисти.

Тоа било едно од првите најважни нешта кои биле донесени во Џејмстаун, во 17. век. Всушност, канабисот толку добро виреел во САД што во текот на следните двеста години тоа бил најзивезуваниот производ.

И Џорџ Вашингтон растел трева

k10

Помеѓу раните одгледувачи на канабис во САД има голем број на познати имиња, меѓу кои и првиот претседател на САД.

Вашингтон на неговиот имот во Монт Вернон не само што одгледувал коноп поради неговата практична примена туку, според неговите дневници, експериментирал со најразлични видови на канабис за да добие растение кое содржи поголемо количество на тетрахидроканабинол. Тој не бил првиот, ни последниот претседател кој користел трева. Од древна Азија до современа Америка, канабисот најверојатно секогаш ќе биде дел од човечката историја.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено