На дрвото на животот, луѓето ја делат гранката со развновидни видови на животни, сите со едно нешто заедничко: ‘рбетот. Оваа единствена заедничка карактеристика е доволна за да се групираме заедно со кучиња, риби и гуштери, во групата наречена Phylum(колено), ова се повторува со сите организми на земјата, поврзувајќи ја целата разноликост на живот во едно дрво.
Но сега, истражувачите од Универзитетот во Квинсленд (UQ) во Австралија откриле низа од илјадници организми толку уникатни, што не се вклопуваат во било кој постоечки Phylum. Во центарот на ова истражување кое беше објавено во „Nature Microbiology“ беше релативно нова техника позната како метагеномика. Тоа подразбира секвенционирање на целата ДНК во примерок од средината – нечистотија, вода, измет, итн. – за да се произведе метагеномот на тој примерок.
Од меѓународна база на податоци со повеќе од 1.500 метагеноми, тимот на UQ ги реконструирал индивидуалните геноми на 7.280 нови бактерии и 623 нови археи. Од овие микроорганизми, приближно една третина беа различни од онаа со што досега научниците се соочиле, со што се гарантира создавањето на 17 нови бактериски колена и три нови ахеални колена.
„Вистинската вредност на овие геноми е дека многумина се еволутивно различни од претходно обновените геноми“, тврди водечкиот истражувач Џин Тајсон. „Тие ја зголемуваат еволутивната разновидност опфатена од дрвјата на бактериски и археален геном од над 30 проценти и се првите претставници во рамките на 17 бактериски и три археолошки колена“.
Научниците успеале успешно да култивираат еден до два проценти од сите познати бактерии и археи во лабораторијата, така што нивното анализирање во нивните природни услови преку метагеномиката може да биде единствениот начин за изучување на останатите. Сепак, иако тие можеби се мали, овие микроби се уште можат да имаат огромно влијание врз нашиот свет.
Во моментов, отпорноста на антибиотици е глобален проблем со епски пропорции. Само во САД секоја година умираат 23.000 луѓе поради овој проблем. Новите форми на антибиотици се речиси ексклузивно откриени кај бактерии и габи, така што видовите откриени од страна на истражувачите на UQ на крајот би можеле да се развијат во подобри антибиотици кои ќе можат да се борат против овие „супер-висруси“.
Последните истражувања, исто така, идентификувале уникатни индустриски и еколошки намени за микробите. Тие се користат за создавање ѓубрива за земјоделство, а етанолот произведен од некои може да се најде во бои, детергенти и други производи. Научниците од UQ истакнаа дека новите еволуционизирани океански микроорганизми можат да го јадат огромното мнозинство на пластиката што моментално ги загадува водите, а бактериите кои живеат од јаглеродот би можеле да помогнат во борбата против климатските промени.