Бизнисмен-измамник од Англија, кој тврдел дека банкротирал е уапсен бидејќи криел вила од 1,3 милиони евра полна со антиквитети и канабис, во огромна шупа, градината на неговата мајка. 61-годишниот Алан Јоуманс сокрил половина од вилата со 6 спални, обложувајќи ја со зелен лим, за да не може да се види нејзината величественост од патот и да може да избегне одредени рестрикции.
Кога прогласил банкрот, тој им кажал на службениците дека живеел во барака во градината на својата мајка и имал само 300 фунти за мебел и 30 фунти на неговото име.
Но, кога полицијата извршила рација во имотот по истрагата, ја откриле „Аладиновата пештера“ во луксузниот дом, вклучувајќи и часовник Rolex од 10.000 фунти и антиквитети и слики вредни околу 83.250 фунти.
Полицајците исто така, пронашле и дизајнерски чевли и канабис растенија. Тајна соба во неговата „шупа“ била користена како фабрика за канабис. Тој, исто така, незаконски апстрахирал електрична енергија за напојување и одржување на куќата.
Алан исто така незаконски водел три компании како параван за перење на 2,2 милиони фунти, заработени од продажбата на канабис. Бизнисменот добил 6,5 години казна затвор.