Во 2012 година Клаудија Мартинез добила катастрофални вести. Неврохирург ја поттикнал Клаудија да направи операцијата на мозокот што е можно поскоро или пак да се соочи со огромен ризик да стане парализирана од вратот надолу.
Пред да легне на операционата маса, Клаудија доживувала сериозни главоболки, губење на чувството во екстремитетите, како и други симптоми на ослабување. Очигледно, тие биле предизвикани од малку позната состојба наречена Chiari Malformation која претставува структурен проблем во основата на човечкиот череп и во церебралниот дел – дел од мозокот кој е одговорен за контрола на рамнотежата.
Сепак тоа не ја спречило Клаудија да ги брка своите соништа и да одлучи дека умот ја контролира материјата, а не обратно.
„Кога добив дијагноза, бев испратена кај неврохирург. Тој ми рече дека ми треба операција на мозокот што е можно поскоро. Ако не, јас требаше да бидам парализирана од вратот надолу. И така, во рок од една недела, бев на мојата прва операција на мозокот“, се сеќава на Клаудија. И покрај сето тоа, младата жена дипломирала на колеџ со одличен успех и потоа решила да продолжи на Медицинското училиште „UTHealth McGovern“. Сепак, таа сè уште имала потреба од операции, вклучувајќи и пет главни операции на мозокот.
До денес таа ги направила сите 6 операции, вклучувајќи и една во 2017 година каде што претрпела мозочен удар и се разбудила парализирана од вратот надолу. Операцијата била експериментална, но лекарите ѝ рекле дека тоа е нејзината единствена надеж.
Клаудија подоцна морала повторно да научи како да оди, да ги движи екстремитетите, да јаде и да се облекува или како што вели: „Секоја работа што ја земаме здраво за готово во секојдневниот живот“. Сепак, состојбата го оставила нејзиниот стомак делумно парализиран и таа имала цевката за хранење три години.
Клаудија од март може слободно да се движи и веќе почнала да се одвикнува од цевката за хранење и да јаде храна орално. Нејзиното постепено опоравување низ месеци на физичка рехабилитација ѝ помогна да ја кристализира својата визија за иднината: „Му благодарам на Бога секој ден за она низ што поминав. Официјално одлучив да продолжам да студирам физикална медицина и рехабилитација.“
Доколку сѐ оди според планот во мај 2020 година Клаудија ќе стане Др Мартинез и таа едвај чека да ѝ се посвети на работата и да им помага на луѓето кои сега се во случна ситуација како што била таа.