Ова семејство кое преминало во христијанство, екстремни муслимани веќе по вторпат ги гонат од нивниот дом. Нисар Хусеин, неговата жена Кубра и нивните шест деца велат дека претрпеле страшни маки од рацете на нивните соседи кои ги сметаат за богохулници.
Според нив, тие практично се затвореници во својот сопствен дом откако биле нападнати на улица, а исто така им ги скршиле стаклата на автомобилот и на нивната куќа постојано фрлаат јајца.
49-годишниот Хусеин дури се откажал од својата кариера како медицински техничар поради нарушеното здравје како резултат на сиот тој стрес. Постојано повикуваат полиција за да се справи со проблемот, но полицајците им велат дека не можат ништо да сторат бидејќи се работи за престап од религиска омраза.
Извршено е само едно успешно гонење, и Хусеин вели дека се чувствува толку изневерен од страна на полицијата што поднел тужба до независна комисија за жалби кон полицијата. Исто така ја критикувал и англиканската црква кон која пристапил дека не успеале да обезбедат значителна поддршка. Сега семејството најверојатно ќе се исели од нивниот дом во Бредфорд и ќе се пресели во област населена со „бели Англичани“, со цел да ѝ избега на сета таа омраза.
„Нашите животи се саботирани и ова не би требало да се случува во Обединетото Кралство“, вели г-н Хусеин. „Ние живееме во демократско општество и тоа што ни го прават е одвратно.“
За маките на ова семејство почна да се известува уште од 2005 година, кога тие истапиле во јавноста со тврдење дека врз нив се врши етничко чистење. Една година подоцна се преселиле во друг дел на Бредфорд за да почнат нов живот. Соседите ги прифатиле во заедницата и сѐ било добро, сѐ додека Хусеин не учествувал во документарен филм за малтретирањето на муслиманите кои преминале во христијанство, кој бил емитуван во 2008 година.
Биле препознаени од големо муслиманско семејство од седум браќа и чеири сестри кое живее на истата улица и веднаш биле острахирани. Помалите деца и од двете семејства учеле во исто основно училиште кадешто мнозинството ученици се муслимани од пакистанско потекло, но заедничките патувања со автомобил биле веднаш прекинати од страна на муслиманското семејство. Почнало да се шири дека преминале во христијанство и нивната најмала ќерка била малтретирана од страна на нејзините врсници. Имено, на Лина, која сега има четиринаесет години, врсниците ѝ кажале: „Нашите родители велат дека не смееме да се мешаме со тебе, бидејќи ти си конвертит“. „Срцето ѝ беше скршено и тоа направи таа да се почувствува како граѓанин од втор ред.“
Оттогаш секојдневно се соочуваат со навреди и малтретирања. Семејството од страна на нивните соседи е окарактеризирано како семејство на отпадници од верата, што во некои исламски земји се казнува со смрт.
Единствената причина поради која ова семејство минува низ маки и проблеми незамисливи во 21. век и во една западноевропска земја каква што е Велика Британија, е тоа што решиле да си ги искористат демократските права загарантирани во земјата која ја избрале за свој дом. А потоа истите тие кои ги прогонуваат, почнуваат да се жалат дека се чувствуваат како граѓани од втор ред и дискриминирани од општеството?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!