Ова е приказна за тоа како Витни Метни, 28-годишна мајка од Арканзас, открила дека нешто вознемирувачко и се случувало на нејзината ќерка. Со оглед на тоа што Витни е мајка на едногодишната Рајли и студент на правен факултет, таа одлучила да вработи дадилка за да се грижи за нејзината малечка кога била зафатена со студиите. Витни всушност најмила личност за која сметала дека може да и се верува, жена која се вика Мелиса Медема, која била една од нејзините поранешни соученици во средно училиште.
„Таа зборуваше со Рајли, се играше со неа. Исто така изгледаше дека и на Рајли многу ис е допадна.“, објаснила Витни за ABC News. „Ги гледаме оние хорор приказни на ТВ, но чувството е надреално кога тоа ви се случува вам.“, објаснува Витни. По кратко време откако ја вработиле Мелиса, Витни и нејзиниот сопруг Крис забележале дека нивната ќерка чудно се однесува.
Секогаш кога Мелиса ќе се појавела во куќата за да се грижи за детето Рајли целосно го менувала расположението и се криела зад нејзините родители. „Неколку дена откако Мелиса почна да работи влегов во собара на Рајли а таа почна да вреска. Јас помислив дека е само уморна или дека ќе се разболува.“, вели Витни.
Кога алармантното однесување на Рајли продолжило, Метни почнала да се сомнева во Медема и така таа поставила скриена камера во дневната соба, за да сфати што го вознемирува нејзиното мало девојче. За жал, сцените кои биле фатени на снимката докажале дека Витни со право се сомневала во дадилката. На снимката се гледа како дадилката насилно и со лутина го тресе малкото девојче.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!