Мечките едноставно сакаат мед и не е изненадувачки што тие се спремни на екстремни егзибиции за да дојдат до него.
Всушност, тие го сакаат толку многу што не можат да одолеат на кошници со пчели и да предизвикаат вистинска главоболка за многу пчелари.
Овие крзнени крадци се вообичаени гости на пчеларските фарми, но штетата која ја предизвикуваат некогаш може да чини и илјадници долари. Сепак, многу пчелари, како што е Ибрахим Седеф, се трудат да ги оддалечат од пчеларникот.
Ибрахим Седеф живее во Трабзон, Турција и е земјоделски инженер кој работи во пчеларството. Подолго време, Седеф се бори да ги спречи алчните мечки да ги уништуваат пчеларниците за да дојдат до скапоцениот мед. За да ги заштити тој ставил метални кафези околу нив. Седеф исто така оставал и храна, како што е леб, овошје и слично на другата страна од фармата, но безуспешно, мечките пак успевале да направат штета.
Така, пчеларот одлучил да научи повеќе за движењето и однесувањето на мечките. Тој го сторил тоа со инсталирање на фото-стапици, за да ги следи мечките кои се шетаат во неговата фарма за пчели. Додека се обидувал да сфати како да ги надмине овие алчни животни, Седеф смислил една брилијантна идеја.
Тој реши да ги претвори овие мечки во дегустатори на мед затоа што тие очигледно имаат добар вкус за мед. Пчеларот постави маса со 4 вида мед со кој мечките можат да се гостат. Тој не беше разочаран од резултатот. Како што се испоставува, мечките имаат прилично скап вкус.
Седеф вели дека мечките најмногу го сакале медот од Анзер бидејќи секогаш го пробувале прв, а понекогаш не го ни допирале црешовиот мед.