НАСА има планови за изградба на “Пеколен ровер” од 2300 години стар механизам по име Антикитера , еден од најстарите аналогни компјутери во светот кои би можеле да преживеат условите на Венера.
Човештвото има многу малку информации за Венера, со оглед дека сите Ровери кои биле испратени досега биле во можност да преживеат само неколку часа. Поради екстремната топлина, висок притисок и масивните облаци на сулфурна киселина. Футуристичкиот автомат Ровер е направен да работи под екстремни услови.
Инспириран од античките Антикитера механизми, кои точно ги предвиделе астрономските случувања од минатото и иднината. Откриен во 1900 година меѓу остатоците од бродолом, се смета за првиот компјутер направен од страна на луѓето.
Антикитера остана мистерија до 2006 година, кога британски и американски научници открија дека работел во 30 брзини. Се верува дека е создадена од античките Грци, помеѓу 200 и 100 година пред Христа. Деловите од овој уред се чуваат во Националниот археолошки музеј во Атина.
Новиот ровер би помогнал во идејата да се истражуваат длабочините на океаните или далечни вонземски светови во Универзумот. Возилото ќе може да се движи на механички нозе, водени од страна на компјутерски ситстем специјално програмиран за одредена мисија. Во функција на собирање основни податоци од Венера, како состојби на површината, брзина на ветерот, температура и сеизмички настани.
За повратните информации би се користел фонограф, кој би се лансирал преку беспилотно летало. Тоа би ги евидентирало сите промени на површината на Венера.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.