Островот Девон во Бафиновиот залив, кој му припаѓа на Канадскиот Арктички архипелаг, е најголемиот ненаселен остров на Земјата, и со добра причина. Почвата останува замрзната во текот на речиси целата година, особено источната третина од островот којашто е постојано прекриена со ледена покривка дебела некои 500-700 метри. Нема снег само еден краток период кој трае 45-50 дни, за време на пикот на летото. Летната температура се крева едвај над 8°C. Просечната годишната температура е -16°C. Со други зборови, островот Девон е пуста земја, во која доминираат замрзнати карпи и речиси целосно отсуствуваат растенија и животни. Но, за истражувачите и научниците, островот Девон е крајно интересно место. Неговата пустелија и суровата клима е многу слична на условите на Марс.
Уште од 2001 година, островот Девон бил летен дом за група луѓе кои работат на меѓународниот истражувачки проект наречен Хатон-Марс, чија цел е истражување на тоа како луѓето истражувачи би можеле да живеат и работат на други планетарни објекти, конкретно на Марс. Дека оваа пуста земја навистина наликува на Марс, уверете се од сликите кои следуваат.