Снимките на контроверзниот настан во градот Крајова, Романија пејачот Алекс де ла Каракал додека настапувал пред гостите. Едно мало девојче може да се види како е опколено од жени кои ѝ го подготвуваат фустанот.

Додека 8-годишното девојче ја подготвувало својата венчаница, „младоженецот“ кој има 10 години се забавува со Алекс и пејачот му вели: „Остави ги играчките денес се жениш!“

Браковите меѓу малолетниците се незаконски во Романија и самопрогласениот водач на ромската заедница, Дорин Чоаба, објавил пред четири години дека на Ромите кои ќе ги венчаат своите малолетни деца ќе бидат предадени на полицијата.

Нема реакција од ромската заедница или од властите во врска со инцидентот. Некои од интернет корисниците велат дека не ставнува збор за „вистинска свадба“ туку дека ова е церемонија децата да се „ветат“ еден за друг и дека вистинската свадба ќе се одржи кога ќе бидат повозрасни.

Без навредливи коментари.

Сподели на Facebook
пати видено