Зависејќи од дарежливоста на минувачите за неговата секојдневна исхрана која се состои од остатоци, Томи изгледа очајно. Луѓето се собираат да го видат во неговиот „дом“ – мал кафез во близина на ресторан во прекрасните планини 60-тина километри северно од албанскиот град Тирана. Го снимаат со своите смартфони, позираат за селфи и му даваат слатки и грицки. Неговиот сопственик од време на време ќе му даде пиво за ја задоволи својата жед.

mc01

Расположението на мечката варира. Понекогаш, кога ќе намириса храна, ги собира шепите како да моли и гледа со надеж во муштериите. Понекогаш ја подава својата муцка преку решетките и го испружува јазикот, надевајќи се дека некој ќе го нахрани. Во други мигови тој нервоно шета во кафезот, а потоа следуваат напади на очај, кога си ги гризе екстремитетите и силно ја тресе главата.

mc02

Сопственикот на мечката вели дека ова однесување се должи на „здодевност“, но упорно тврди дека нема ништо лошо во тоа што Томи е заклучен 24 часа дневно. Пред две години Томи скитал по планините и шумите. Но, сопственикот на ресторанот дошол на идеја да ја затвори мечката и да ја оттргне од природната средина со цел да привлече повеќе муштерии. Тој му платил на ветеринар кој го уловил Томи со пушка за успивање.

mc04

Успиено, огромното животно било донесено во ресторанот и ставено во кафез 6 на 3 метри. И згора на тие маки, во близина се наоѓа контејнер контејнер со вода и пастрмки за ресторанот, кадешто мечката може да ги намириса. Се смета дека во Албанија има околу 80-тина мечки кои се заробени во близина на ресторани со цел да привлечат муштерии.

mc05

Сподели на Facebook
пати видено