Карневалските организатори во Келн и Бон почнаа да им делат флаери со правила на бегалците во пресрет на претстојните фестивали, за однесувањето кон жените, алкохолот и уринирањето на јавни места. Ситуацијата во овие градови е напната по масовните сексуални напади од страна на мигрантите врз стотици жени за време на новогодишната ноќ во Келн. Бројот на жртви на нападите кои се случиле во близина на главната станица сега изнесува над 820.
Во Рајнланд, карневалот е уште поголемо славје од Нова година, при што градовите како Бон, Келн и Дизелдорф откачуваат во еднонеделен сплет од паради, забави и прослави. Следниот понеделник само на улиците во Дизелдорф се очекува да излезат над милион луѓе. Ќе биде ангажирано масовно полициско присуство, униформирано и прикриено, со цел да се погрижат да не се повторат сцените од последниот ден на минатата година.
Во Бон организаторите делат флаери во кои на мигрантите им се порачува дека се добредојдени на прославата – под услов да се однесуваат како што доликува. Во нив на неколку јазици, меѓу кои и арапски, се вели следното:
„Луѓето се дотеруваат за да прослават, пеат и танцуваат заедно. За време на карнивалот секој мора да се однесува со почит кон другите и да ги запазува законите.
Bützen – тоа значи бакнежи во образ. Сексуалните приоѓања не се дозволени! Мажите и жените секогаш треба да се согласни. Не значи не!
Танцувањето на звуците на музиката исто така е начин да се прослави карневалот. Многу луѓе прославуваат со алкохол. Ве молиме – само умерено!
Уринирањето на јавни места е забрането!“
Кристоф Арнолд, директорот на карневалот во Бон заедно со локалниот комесар за интеграција Колет Манеман и полициска придружба отишол лично да им ги предаде ливчињата на мигрантите.
Еден деветнаесетгодишен Сириец, кој во Германија е четири месеци, призна дека е запрепастен од прославите, велејќи: „Тоа е нешто што таму од кадешто сум јас не се прави. Луѓето пијат алкохол, се дотеруваат – сето тоа е многу чудно.“