Заборавете на синиот/златниот фустан, ова сино-бело лице е следното нешто што ќе го сруши интернетот. Оптичка илузија која неодамна се појави, со упатство дека читателите треба да гледаат во белата точка на носот. После петнаесет секунди, читателот треба да погледне во белата површина од десната страна на фотографијата.

2A2142C300000578-0-image-a-1_1435723868369

Речиси демонската фигура се претвора во прекрасно лице со сите природни бои на млада бринета. Оваа илузија е позната како „negative afterimage”, т.е. вашиот мозок од овој негатив прави негатив на празната површина. Ефектот е предизвикан од клетките во очите наречени ганглиски клетки, кои на мозокот му праќаат пораки кодирајќи ги – или препознавајќи ги – боите во парови примарни бои.

„Кодот за боите коишто ги доживуваме во светлосниот спектар, оваа информација се пренесува од задниот дел на окото до мозокот преку три спротивни нервни канали“, објаснува д-р Џуно Ким од Универзитетот за оптометриска и очна наука.

Покрај канал за нијанси на сиво, бело и црно, исто така имаме и канал за црвено и зелено и трет канал за сино и жолто, со помош на кои ги препознаваме боите од нашата околина.

„Кога на пример ќе се загледате подолго време во нешто што е жолто, ги стимулирате клетките кои се позитивно чувствителни на жолто, а тоа се тие кои се во каналот за жолто и сино“, вели д-р Ким.

2622C22600000578-0-image-a-32_1425001827044

Оваа слика со фустанот беше последната илузија која предизвика големи бранувања онлајн, при што читателите не можеа да се согласат која боја е фустанот.

„Активноста на клетките се зголемува и по извесно време се раѓа замор и активнота опаѓа. Кога директно ќе се загледате во еднобојна позадина, на пример сив ѕид, тогаш се случува така што клетката не се враќа во својата мирувачка состојба, и со слабеењето на жолтиот код, кодирањето на спротивната боја станува посилна и така гледате сино.“

Така и со сликата погоре, клетките во вашето око кои го препознаваат синото се заморуваат и нивната активност ослабнува, стимулирајќи го рецептирањето на спротивната боја, жолтата, со што лицето поприма боја која е поблиску до природната боја на кожата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено