Дејвид Новик, професор на Универзитетот во Тексас, објави неколку оптички илузии кои со едно име ги нарече „Бонбони“. Сконцентрирајте се и определете каква боја се круговите на секоја од сликите.
Иако на прв поглед може да изгледа дека сите кругови на сликата се во различни бои, всушност тоа не е така. Сите кругови се со иста боја, но перцепцијата на бојата е нарушена поради хоризонтални линии. Ако сеуште се сомневате во ова, можете да зачувате некоја од овие слики на вашиот компјутер, отворете ја со некој едитор за фотографии и проверите ја бојата (копчето во форма на пипета).