Денес знаеме многу за нашиот свет. Но колку од работите што ни се кажани сме ги зеле здраво за готово, без да ги провериме фактите? (Одговор: Многу!)

За наша среќа, некои луѓе ги ставиле под знак прашалник некои од најприфатените верувања во светот. Откриел дека овие факти се едноставно сосема погрешни. Или нема никаков доказ да ја поддржи нивната вистинитост или е докажана нивната лажност. Па така, кога следниот пат некој ќе ви ги спомне овие нешта, кажете им дека врска немаат и повеќе да читаат.

1. Колумбо никогаш не стигнал во некоја од областите кои денес се познати како Соединети Американски Држави. Тој главно ги посетувал Карипските острови, кои се независни земји.

desktop-1412713561

2. Ако разбудите месечар, нема да му направите ништо лошо. Можеби ќе се разбуди збунет, но всушност е многу поопасно да го оставите да месечари и да падне некаде.

desktop-1412716318

3. Мувите имаат животен век од 20-30 дена, а не 24 часа.

desktop-1412716116

4. Џорџ Вашингтон немал дрвени заби. Неговите протези биле направени од злато, коска од Нилски коњ, животински заби (вклучувајќи заби од коњ и магаре) а веројатно и од човечки заби, земени од робови.

desktop-1412714350

5. Златната рипка има меморија подолга од неколку секунди. Некои имаат сеќавања кои траат со месеци.

desktop-1412715825

6. Лилјаците не се слепи. И покрај тоа што повеќето лилјаци употребуваат ехолокација за да се ориентираат, сите имаат очи и функционален вид.

desktop-1412715713

7. Јадењето помалку од час пред да пливате не го зголемува ризикот за грч на мускулите и давење.

desktop-1412716416

8. Јајцата можат да стојат исправени во било кое време од годината, не само за рамнодневница

desktop-1412715567

9. Од вселената е тешко да се забележи Големиот кинески ѕид. Астронаутот Џеј Апт кажал „Големиот кинески ѕид е речиси невидлив од 180 милји (290 километри) нагоре.“

desktop-1412715404

10. Колачињата на среќа не потекнуваат од Кина, туку од Јапонија.

desktop-1412715115

11. Не постои никаков доказ дека викинзите имале рогови на нивните шлемови.

desktop-1412713095

12. Кога Орсон Велс ја прочитал „Војна на световите“ на радио, тоа не предизвикало никаква масовна паника. Едвај неколку луѓе и да ја слушале емисијата. Весниците пишувале дека радио драмата предизвикала паника за да го дискредитираат радиото како конкурентен медиум во подем.

desktop-1412714843

Сподели на Facebook
пати видено