На видеото се гледа моментот во кој наводно „опседната кловн-кукла“, со духот на мало дете кое не сака никој да ја поместува играчката, се поместува сама.

Музичкиот кловн, познат како Боб, се чува во Паранормалниот центар за прогонувачки антиквитети во Хинкли, Лестер – за кој се верува дека е прв музеј од ваков вид во Велика Британија.

Џејсон Вол бил најблиску до кловнот кога се случило тоа и не може да ја објасни ситуацијата. Тој вели: „Имавме маса со три кукли таму и една од нив беше овој кловн. Се вели дека ако ја преместите куклата, таа ќе се врати на позицијата што ја сака. Еден од членовите на истражувачкиот тим ја сврте куклата и поставивме апарати за да видиме што ќе се случи.“

Апаратите покажале дека нешто се случува, а Џејсон за секој случај почнал да се движи нагоре-надолу за да види да не ја предизвикува тој реакцијата. „Ако тоа се случи поради моето движење тогаш ќе паднеше, бидејќи куклата стоеше само на нејзините нозе.“

Сем, од Лестер, е дел од тим од осуммина кои управуваат со паранормалниот центар и тврди дека сега има толку многу активност што членовите не можат да влезат сами. Сем вели: „Ќе ја слушнете музиката на Боб и тоа е сосема вознемирувачко. Никој нема да биде таму и ќе ја слушнете музиката. Тој има прилично интересен карактер.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено