Исто како и отпечатоците на прсти или ДНК, и ракописот на секој човек е единствен и неповторлив. Како што нема два исти отпечатоци на прсти ниту две исти шари на окото, така нема и два исти ракописа. Тоа е нашата лична карта, прозорец кон душата – огледало кое не прикажува до детали. Науката која се занимава со проучување на ракописот се нарекува графологија и се дели на судска, којашто е вештина на утврдување на идентитетот врз основа на ракописот, и психографологија – наука која ги определва психолошките карактеристики. Кои се најосновните карактеристики според кои би можеле да се определат карактерните особини на еден човек?

gr

Големината на буквите

Човекот со крупен ракопис често е егоцентричен, со изразена потреба за активен социјален општествен живот. На другите вообичаено гледа од високо и често доминира во вербалната комуникација и воопшто во друштвото.

Човекот кој има ракопис со средна големина вообичаено начелно е подготвен да се приспособи и вклопи во секоја средина. Не е премногу отворен, но ниту забарикадиран во својот свет. Однесувањето му е пристојно, не го крева гласот за секоја ситница, а сталоженоста е важна одлика на неговиот карактер.

Ситен ракопис вообичаено поседуваат образовните луѓе, склони во секоја прилика да се потпираат на својот разум. Главно се зафатени со мисловни дејствија, па најчесто се среќаваат меѓу научниците и истражувачите. Нивните чувства и разук секогаш се надополнуваат и речиси секогаш се во склад. Доколку станува збор за ситен ракопис кој повеќе личи на права линија, тоа е знак дека личноста е искомплексирана, дека се повлекува во себе и ги потценува своите вредности.

Доколку ракописот не е постојан, час е крупен, час ситен, час со средна големина, тоа значи дека личноста исто така е непостојана, дека ѝ осцилираат расположенијата и дека е многу чувствителна. Но, ако буквите на крајот на зборот се зголемуваат, тоа е доволно да се заклучи дека станува збор за емоционално незрела и непостојана личност.

Читко и нечитко

Ракописот искосен вдесно зборува за емоционално топла и дарежлива личност. Силното притискање на хартијата открива енергична личност склона кон лидерство, додека буквите со заокружена форма упатуваат на ниско ниво на агресивност. Доколку ракописот ви е читлив, на околината ѝ праќате порака – сакам, можам и знам добро да комуницирам со луѓето.

Доколку ракописот е нечитлив, пораката е спротивна. Меѓутоа, немојте веднаш да донесувате заклучок, бидејќи има многу исклучоци кои ова правило го доведуваат во прашање.

Читливиот ракопис кој ги чува сите карактеристики на школското пишување не укажува на најискрена, најотворена и најјасна комуникативност, туку токму спротивното од тоа, на личност која е склона да се преправа.

Печатни букви

Печатните букви помалку откриваат во споредба со ракописното пишување, бидејќи ваквиот начин на пишување вообичаено е побавно и бара повеќе концентрација, а тоа е уште еден показател за личност која сите конци ги држи во својата рака, но и за ситуацијата во која се наоѓа таа личност.

Таа никогаш не ги открива своите карти до крај, бидејќи секогаш крие нешто важно за себе, особено ако од печатни наеднаш преминува на ракописни букви. Личностите со комбинирано печатно-ракописно пишување почесто порачуваат лага отколку вистина. Можеби некогаш сте добиле љубовно писмо напишано со ракописни букви, а на крај зборовите „Те сакам“ се напишани со ракописни. Запрашајте се што се крие зад тоа.

Особено нечитлив ракопис се среќава кај луѓето на кои многу не им е грижа за односите со луѓето околу нив, или кои имаат некакви потешкотии во општењето со другите.

Значењето на потписот

Потписите во графологијата заземаат посебно значајно место. Човек со својот потпис едноставно ја легитимира и открива својата личност. Читливиот и јасен потпис открива чесна личност на која во секое време би можеле да се потпрете.

Ситниот, збиен потпис е знак дека неговиот сопственик е оптоварен со некои комплекси на пониска вредност. Упадливиот, крупен и украсен потпис открива личност со лош вкус, која притоа е многу вообразена.

Сподели на Facebook
пати видено