22-годишниот Алекс Руиц, келнер од Дагласвил е човек во вистинската смисла на зборот! Човекот го замолил Алекс да му помогне со неговото јадење, и келнерот седнал до него и почнал да го храни, бидејќи човекот немал раце. Со него останал триесет минути, додека останатите гледале со воодушевување. Реџиналд Вајднер седел крај шанкот кога ја забележал глетката и решил да ја овековечи.
„Алекс цело време имаше насмевка на своето лице. Воопшто не се жалеше ниту муртеше. Изгледаше како навистина да се грижи“, изјавил Реџиналд. Кристл Фигуероа, чиј татко е директор на ресторанот вели дека не е изненадена од љубезноста на 22-годишниот келнер.
„Тој е прекрасна личност. Секогаш е толку љубезен, и фактот дека се појави наеднаш да храни човек кој никогша порано не го сретнал кажува сѐ!“
Според гордите жители на градот, јужните краишта на САД се одликуваат со љубезност и гостопримливост, при што луѓето се грижат едни за други и секогаш си помагаат.