На жените им требале околу 400 години за корсетите да останат во историјата кадешто и припаѓаат. Но со една фотографија на Инстаграм, Ким Кардашијан успеа да го поништи сето тоа. Дами, пак е во тренд да си ја стегате половината.

Да се биде слаба по секоја цена

k01

Стегање на половината

k02

Тврдите елечиња биле присутни во модата најрано од 30-те на 16. век, судејќи според портретите. Дамите во тоа време биле сликани со неприродно тенки половини, што се должат на крутите елечиња со кои се карактеризирал „Венецискиот изглед“ на тоа време.

Во 16. и 17. век овие елечиња биле дел од наметката, т.е. горната облека, за потоа полека да почнат да се носат под облеката, по што модата веќе никогаш не била иста.

Создавањето на обликот

k03 k04

Во 18, век била развиена познатата форма на корсетот. Се стеснувал кон половината, истовремено подигајќи ги градите. Врвките речиси секогаш се на грбот, иако во јужна Германија биле најдени и такви кои се врзувале од предната страна.

Во 19. век дизајнот претрпел промени, при што половината била повисоко и биле додадени додатоци за поддржување на градите. Тогаш биле додадени и метални делови во корсетот, кој станал толку популарен, што секоја девојка морала да носи, ако сакала да биде „во мода“.

k05 k06

Опасни по здравјето

k07

Лекарите почнале да ги поврзуваат стомачните заболувања кај жените со носењето на корсети, и почнале да советуваат истите да престанат да се носат, поради тоа што корсетот создавал сериозен притисок врз стомакот. Бил дизајниран нов вид со рамен стомак, но тој не бил популарен и во мода влегол уште постегнат вид на корсет.

Ластикот доаѓа напомош

k08

За радост на жените, во дваесеттите на минатиот век во корсетите почнал да се употребува ластикот. Овие дизајни помалку ја стегале половината и помагале повеќе да се израмни стомакот. Исто така и градниците влегле во широка употреба, па така корсетите се изработувале без горен дел за градите.

Стегањето на половината се враќа

k09

Диор во педесеттите го вратил стегањето на половината во мода. Неговите корсети со „нов стил“ ја популаризирале тенката половина. Иако се изработувале со ластик, сепак биле ужасно неудобни. Набргу потоа биле отфрлени и останале да висат во продавниците за долна облека. Биле употребувани единствено од секс симболите како Мадона, поради провокативниот изглед.

k10

Ким Кардашијан нѐ враќа назад

k11

Ким Кардашијан неодамна ја разбранува модната јавност кога ја откри нејзината тајна за слабеење во половината – стегање. Таа се надева дека ќе успее да ослаби во половината така што со часови ќе носи корсет. Џесика Алба исто така открила дека носела корсети за да си ја поврати формата по раѓањето, така што корсетите во Холивуд можеби пак ќе влезат на голема врата.

Но вреди да се напомне дека докторите советуваат строго да се избегнува носењето на корсети бидејќи со неприродното стегање можат да се јават сериозни компликации, па дури и оштетување на внатрешните органи. Има природна причина поради којашто женските половини не се толку тенки колку што сугерираат идеализираните модни трендови – бидејќи на вашите внатрешни органи им треба повеќе место од тоа. Експертите сметаат дека носењето на тесна и крута облека, од што не исклучувајќи ги ни на пример тесните фармерки, може да предизвика оштетување на нервите и внатрешните органи во стомакот.

Затоа, имитирањето на славните не секогаш е најдобра идеја.

Сподели на Facebook
пати видено