Омар Матин, убиецот кој уби 50 луѓе во геј ноќен клуб во Орландо, САД, можеби и самиот бил геј и водел двоен живот, како што се шпекулира. Првично се сметаше дека неговиот ужасен вооружен напад во геј клубот „Пулс“ е хомофобичен напад кој произлегува од екстремистичката исламска идеологодија. Но, сега неговата бивша жена и негова колешка од полициската академија мисли дека Матин бил геј и дека го посетувал Пулс уште од 2013 година.

mt01 mt02

Иследниците сметаат дека тој можел да патува до Пулс – кој е на два часа возење од неговиот дом во Форт Пирс, Јужна Флорида – без да биде забележан. Исто така се открило дека Матин користел апликации за геј познанства како Гриндр и Џек`д за да четува со мажи на интернет, а имал и геј пријатели од клубот. Неговата поранешна сопруга Ситора Јусуфи, со која се запознал на интернет во 2009 година, смета дека тој го извршил масакрот не затоа што бил исламски терорист, туку затоа што не можел да се помири со тоа што е самиот тој.

mt03 mt04 mt05

„Кога се венчавме, тој ми се исповеда за неговото минато – кое во тоа време беше неодамнешно – и дека многу уживал да оди во тие клубови и тој ноќен живот“, вели Јусуфи. „Па, мислам дека тоа е страна од него којашто ја живеел, но веројатно не сакал другите да дознаат за неа“. Нејзиниот сегашен свршеник кој бил со неа за време на нејзината изјава, споделил дека неговата свршеница му кажала дека нејзиниот поранешен сопруг имал „хомосексуални тенденции“ и дека во неколку наврати неговиот татко пред неа го нарекувал „геј“. Таа за ФБИ изјавила дека Матин бил нестабилен и дека не верува дека имал некаква поврзаност со Исламска Држава. „Од ФБИ не замолија на никого да не кажуваме за ова“, вели свршеникот.

mt06 mt07

Сподели на Facebook
пати видено