Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври. Тоа е еден од најпознатите настани во Германија и најголем светски фестивал, со посетеност од над шест милиони луѓе.
Првиот „Октоберфест“ се одржал на 18 октомври 1810 година во Минхен, како прослава на венчавката на крунисаниот принц Лудвиг (подоцна крал Лудвиг Први) со принцезата Тереза од Саксен-Хилдбургсхаузен.
1 2