Во една зграда во Охрид, Номче и Климе живееле на 5-ти кат и редовно оделе кај комшивката Билјана, над нив. За да не ги изненади нејзиниот сопруг, тие ја поставиле рибарската мрежа на нивниот балкон. Ако некој заѕвони на вратата, скокаат преку балконот право во мрежата и си одат дома. Еден ден, кога Климе бил кај Билјана, некој заѕвонил на вратата. Климе брзо скокнал преку балконот. Билјана ја отвора вратата – гледа Номче.
– Биле, кажи му на Климе да не скокат, јас заминвам на риби и ја зедов мрежата.