Нема никаков сомнеж дека овој кревач на тегови напорно вежба. Типов е навистина огромен. 24-годишниот силен маж стана интернет сензација со неговата неверојатна мускулна маса. За Саџад Гариби не се знае многу, освен фактот дека се натпреварува на натпревари во кревање тегови и боди билидинг, претставувајќи ја својата земја. Од неговите 155 килограми телесна тежина, се верува дека повеќето се мускули. Се раскажува дека може да крене тежина до 175 килограми, што е еднакво на тежината на две слончиња.
Досега тој има освоено три златни медали во Рио. На социјалните медиуми е познат како Персискиот Херкулес, но неговите пријатели го опишуваат како „нежен џин“. Овој човек кој наликува на Халк има повеќе од 64 000 следбеници на Инстаграм, кои се восхитуваат на неговата големина и сила.