Ова не е почеток на некоја приказна со Дедо Мраз, туку вистинска случка фатена на камера од страна на ентузијастот Тони Бетман кој си седел во својот дом во Лапонија, Финска, кога слушнал силен тресок. Тој имал поставено камера за видео надзор, за да го снима феноменот Аурора Бореалис. Кога ја вратил снимката, го видел ова.
Според професорот Јирки Манинен, физичар на Универзитетот во Оулу, тоа веројатно бил метеор, иако не ја отфрли можноста дека тоа би можело да биде парче вселенско ѓубре, на пример отпадок од лансирањето на некоја ракета.