Објавено е запрепастувачко видео на морнарицата на Чиле прикажува неидентификуван летачки објект кој прави невообичаени движења и испушта дим од од непозната супстанца. Видеото предизвика севозможни шпекулации. Владината агенција за проучување воздушни аномалии (CEFAA) ја проучуваше снимката две години но не успеала да го идентификува објектот забележан во воздушниот простор на земјата.
Воениот хеликоптер ја снимил снимката за време на рутинска крајбрежна патрола во ноември 2014 година. Техничарот веднаш ја вперил камерата кон забележаниот објект и зумирал со инфрацрвено осветлување за подобра бистрина. Пилотите го следеле неидентификуваниот воздушен феномен на оддалеченост од 60-тина километри и неколку пати се обиделе да воспостават комуникација со него, но без успех. Потоа за тоа известиле на радарските служби, но ниедна станица не успеала да го детектира на радарот, и покрај тоа што објектот се наоѓал во нивниот опсег.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.