Инвазивна риба способна да дише воздух и да живее на копно до пет дена е забележана во Џорџија, САД. И луѓето беа предупредени да ја „убијат веднаш“ доколку ја забележат.
Според Одделот за природни ресурси од Џорџија Северната Змејоглава риба е забележана во езерцето сместено во имотот на округот Гвинет.
Одделот ја опиша долгата риба како „лоши вести“ повикувајќи ги луѓето да ја убијат и „замрзнат веднаш“ доколку ја фатат. Тие, исто така, ги советувале луѓето, ако е можно, да направат неколку слики од рибите. Оваа риба може да порасне и до 1 метар и ова е првпат некој да ја забележи во водите на Џорџија и нејзиното присуство е сè уште мистериозно.
Иако на некои реакцијата им изгледа смешно, сепак оваа риба може да биде многу опасна за другите видови затоа што јаде цицачи и риби, а исто така се натпреварува за храна и живеалиште.
Рибата е федерално регулирана и Министерството за земјоделство на Соединетите Држави ја смета за „штетен животински свет“.