Куќата е во сопственост на Питер Коен, кој во неа живее заедно со неговите цимери, четиринаесет мачки, при што куќата е претворена во вистинска оаза за мачки.
Коен потрошил помеѓу 40.000 и 50.000 долари на сите поправки и доправки на внатрешноста.
Употребувајќи го своето искуство и знаење од основањето на Трилиум ентерпајзес, изградил вистински рај за мачки.
Најстарата мачка Неко е кралицата во куќата
Со 14 мачки, би помислиле дека куќата е во состојба на постојан хаос, но всушност е мирна оаза со мало езерце и смирувачка музика.
Надворешноста со ништо не наговестува за чудата внатре.