Мајката се разбудила слушајќи го вресокот на нејзината ќерка, додека непозната жена, облечена како слугинка се обидела да ја грабне пред очите на таткото.
Млад пар од Британија со својата едногодишна ќеркичка престојувале во Кинг Евелтон, комплекс луксузни хотели на Кипар. Вообичаено по времето поминато на плажа, се повлекле во апартманот да одморат.
Додека мајката спиела на креветот до малечката, непозната црна жена влегла во собата и се обидела да ја грабне. Детето вриснало силно по што таткото, кој во тој момент бил на терасата, скокнал и ја повлекол малечката од рацете на жената.
Разлутени, ја прашале што прави таа во нивната соба. Жената почнала да зборува на друг јазик и веднаш истрчала од собата.
На обидот за киднапирање, таткото реагирал до надлежните во хотелот. Се испоставило дека жената е вработена како собарка, по што била отпуштена од работа. Персоналот бил изненаден од односот на вработената и се одбранил со длабоко извинување до родителите на девојчето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!