Бремена девојка од мексиканскиот град Сан Луис Потоси смисли креативен начин како да му се одмазди на мачо фраерот кој ја искористил и отфрлил. Откако му кажала дека е бремена, тој не ѝ одговарал на повиците, ѝ го блокирал бројот, па дури ја блокирал и на фејсбук. Но девојката му смисли таква одмазда, што ќе ја памети цел живот.

Таа постави билборд на една од повисоките згради на кој стави негова слика и напиша: „СЕ БАРА! Карлос Орозко, заради позитивен тест за бременост. Јас сум бремена.“ Долу со поситни букви објаснила и дека и ги блокирал повиците и ја блокирал на Фејсбук. Се потпишала како „Твојата пријателка“.

Сподели на Facebook
пати видено