25-годишната Алиса Мекдоналд претрпела тешки изгореници но вели дека повеќе не сака да оди на операции бидејќи ги сака своите лузни. Алиса, која е од американската држава Охајо, имала само дв години кога на лицето и паднало врел растопен путер. Членовите на семејството раскажуваат дека по несреќата лицето ѝ се „топело“. Се здобила со изгореници од трет степен на 75 отсто од лицето и останала слепа на едното око. Паднала во кома и тогаш нејзините лекари кажале на нејзиното семејство да се подготвуваат за погреб. Алиса, и покрај лошите прогнози на лекарите, се разбудила од кома. Била на сто операции меѓу кои и на реконструкција на усните и веѓите како и поставување на очна протеза. Кога наполнила шеснаесет години одлучила дека повеќе не сака да оди на операции.

al01

„Научив да се сакам себеси и својот изгед. Мое мото е да ги носам своите недостатоци како дијаманти. Горда сум на својот изглед“, вели Алиса.

al02

Несреќата се случила кога нејзината баба нешто готвела и го оставила путерот на масата да се растопи.

„Јас бев љубопитно дете, се качив и се полеав со растопениот путер. Ме најде вујко ми кој се обидуваше да го избрише жешкиот путер од моето лице, но бев многу изгорена, толку што кожата ми се топеше. Во болница паднав во кома. На мајка ми лекарите и кажаа дека главата ми е многу потечена. И кажале дека е подобро да повикаат свештеник и да почнат да го планираат мојот погреб. Кога се пробудив од кома, во болница останав уште една година.

al03

На околу 85 отсто од лицето имам лузни. На училиште ме викаа чудовиште и ме понижуваа. Но, никогаш не дозволив да бидам жртва. Некои деца плачеа кога ќе ме видеа, а други бегаа. Еднаш за Ноќта на вештерките мислеа дека имам маска и ми кажаа дека тоа е најдобрата маска која ја виделе“, раскажува Алиса.

Таа вели дека не може да стори ништо во врска со мислењето на другите и дали луѓето ќе ја прифаќаат или не.

„Моите лузни се дел од мојата личност. Не сакам да ги менувам. Ги сакам. И да има некоја магија со која би можела да ги тргнам, би го одбила тоа. Имаше многу моменти кога плачев бидејќи не сакав да се разликувам од другите, но подоцна сфатив дека тоа е животот и го прифатив тоа“, вели Алиса, која денес дели совети и на други луѓе и им помага да живеат со своите лузни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено