Една жена критикува фризерски салон дека направил да изгледа како да е уличарка, откако се согласила да плати 260 долари и чекала пет часа за фризура која не ја сакала. Нина Медер,социјална работничка, во понеделник се пожалила на социјалните медиуми дека нејзината посета на фризерскиот салон тргнала во сосема непосакувана насока. Кога забележила дека работата на фризерката не излегува како на сликата која ѝ ја покажала и дека косата ѝ станала кревка и кршлива, г-ѓа Медер се налутила и одбила да плати 200 долари.

ks01 ks02

Посакуваниот резултат (од лево), и тоа што го добила

„Им покажав слика како сакам да изгледам и очекував да излезам со завршен резултат“, пишува таа на Фејсбук. „Се пожалив и реков дека не сакам да платам, па така тие се обидоа да ја поправат фризурата со уште повеќе хидроген. Толку многу се налутив што повикаа обезбедување и полиција.“

ks03

Медер била навистина бесна, но од обезбедувањето и полицијата биле „многу фини и се обиделе да изнајдат компромис со сопственикот и директор на салонот“, раскажува таа. Од салонот кажале дека се подготвени да одбијат 60 долари од цената, но Медер продолжила да одбива да ги плати останатите 200 долари. Од полицијата ѝ кажале дека според законот мора да плати, но подоцна може да бара отштета.

ks04

„Го обожавам овој уличарски изглед! 200 долари за едно шише хидроген!“ напишала таа подоцна на Фејсбук. „Најлошата услуга која може да ја добиете. Почивај во мир, моја прекрасна косо.“

Сподели на Facebook
пати видено