Поранешниот претседател на САД, Џими Картер живее прилично скромен и едноставен живот. 94-годишниот Картер служел како 39-тиот претседател на САД од 1977 година до 1981.
Џими пред да стане претседател работел како земјоделец, одгледувал кикирики, во неговиот роден град Плантс, во Џорџија.
Тој во интервју изјавил дека не сака да заработува од неговата политичка слава: „Не гледам ништо лошо во тоа; Не ги обвинувам другите затоа што го прават тоа. Едноставно јас никогаш не сум имал амбиција да бидам богат.“
Наместо да заработи пари од корпоративно зборување и да се приклучи на одборите на големите компании како неговиот претходник Џералд Форд, Картер се вратил во градот каде што бил роден и каде што од земјоделец стигнал до Белата куќа. Тој моментално живее во скромната куќа во која што живеел пред да стане претседател.
Картер се вратил во Плантс на 56 години и сакал повторно да го започне бизнисот со кикирики кој пропаѓал, но тој план не му успеал и оттогаш напишал 33 книги на различни теми. Освен приходите од пишување, 39-тиот претседател на САД, исто така, прима годишна пензија од 210.700 американски долари што ја добиваат сите поранешни претседатели.
Но, и покрај неговиот значителен приход, Картер изјавил дека е решен да живее скромно во населбата Јужна Џорџија. Всушност, Картер ги чини американските даночни обврзници најмалку од сите поранешен американски претседатели, според Администрацијата за општи услуги.
Вкупната сметка за него во тековната фискална година изнесувала 456.000 американски долари, што ги опфаќа пензиите, канцеларијата, безбедносниот персонал и други трошоци. Во меѓувреме, Барак Обама, Бил Клинтон и Џорџ В. Буш минатата година надминале повеќе од 1 милион долари, посебно.
Картер кој во 2015 беше дијагностициран со меланом на неговиот црн дроб и мозокот, вели дека тој ужива сам да си ги измие садовите откако ќе заврши со домашно приготвениот оброк. Тој исто така секоја недела оди во локалната црква и вели дека на него и на неговата сопруга им е убаво тука затоа што локалците ги сакаат и почитуваат.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.