Вака изгледа рудникот Артјимсол во Донецк во источна Украина. Геолозите кои работат за рудникот велат дека се отстранети помалку од 5 проценти од солта, откако операциите започнале во 1881 година. Скалата за спасување во итен случај се наоѓа на еден ѕид од комората во рудникот, стотици метри под површината. Големиот слој на солта под градот Соледар, е формиран откако едно античко море во регионот пресушило.
Рудникот вработува повеќе од 2.800 луѓе и снабдува околу 95% од Украинците со сол. солените блокови кои се оформуваат во рудникот се продаваат за 8 евра за солени соби и бањи како еден вид на терапија. Постои несогласување околу тоа дали вдишувањето сол е навистина чудесен лек за респираторни болести за кои се тврди дека е. Но, откако еден полски лекар забележал дека работниците во рудниците за сол често ги избегнуваат белодробните заболувања кои се заеднички за рудари на јаглен, се родила „халотерапијата“.