Во 2003 година, 19-годишната Елизабет Холмс ја основа компанијата Теранос, која требаше да го промени светот. Стартапот им вети на клиентите можност да научат сè за физичкото и менталното здравје на една личност со една капка крв.
Револуционерната идеја веднаш ги заинтеренсира инвеститорите кои донираа милијарди долари на Теранос. Но, по некое време, компанијата банкротираше, а самата Елизабет беше наречена главен измамник од Силиконската долина.
Елизабет Холмс е родена во 1984 година во семејство на чиновцници. На прашањето за тоа што сака да стане кога ќе порасне, девојчето самоуверено одговорило: милијардер. Имала само 20 години кога овој сон ѝ се остварил.
Додека се уште била студент на Факултетот за хемиско инженерство на Универзитетот Стенфорд, Елизабет се заинтересирала за биотехнологијата. Како една од практикантите, таа била изненадена од тоа колку е тешко да се работи со анализи. Тогаш Холмс имала идеја за налепница која требала да ги дијагностицира болестите. Девојката поднела барање за патент, одлучила да се откаже од студиите и да го основа медицинскиот стартап Теранос.
Компанијата ветувала дека луѓето ќе можат да си ги прават тестотвите во домашни услови. Така ќе биде можно да се дијагностицираат сите болести во раните фази и да не губи време на листите на чекање во лабораториите и болниците. Наскоро идејата за лепенка била трансформирана во пренослив уред, на кој би му било доволно една капка крв за анализа.
Првиот милион во Теранос бил инвестиран од пријател од семејството Холмс – Тим Драпер. Ова го привлекло вниманието кон стартапот, а заинтересирани биле Руперт Мардок, Џорџ Шулц, Хенри Кисинџер, па дури и Барак Обама.
Елизабет Холмс стана вистинска легенда во Силиконската долина, потпиша договор со фармацевтските компании, се појавила на насловните страници на Њујорк тајмс и Форбс. Основачот на Теранос бил наречен Стив Џобс во здолниште.
Но, … најчудната работа е што сите слушале за успехот на компанијата само од самата основачка. Никој не го виде функционалниот прототип на уредот за дијагностика. Инспираторските зборови на Елизабет за револуцијата во медицината биле доволни за инвеститорите да продолжат да инвестираат. Во 2014 година, Теранос бил проценет на 9,5 милијарди долари.
Проблемите на Елизабет започнале во 2015 година. Џон Керир напишал статија во The Wall Street Journal, наречена Револуционерна технологија на Теранос, фикција. Новинарот рекол дека, всушност, преносливите уреди не можат да направат ниту една вистинска анализа. Сите крвни примероци на компанијата биле испратени во големи лаборатории, за што Елизабет се спротивставила. Ревизијата ги потврди зборовите на Карир, и ниту адвокатите ниту харизмата на Холмс не можеле да го спречат падот на нејзината империја. Цената на Теранос веднаш паднала 10 пати, а самиот основач добил нова титула од списанието Fortune – „Еден од нај разочарувачките лидери во светот“.
Елизабет исто така направила грешка со нејзиниот авторитативен начин на управување. Бизнисменката сметала дека главната работа е посветеност на заедничката цел. Во канцеларијата на Теранос се останувало до доцна, но не било вообичаено да се критикува работата. Елизабет не сакала да се истакне во своите грешки, и таа повеќе сакала да ги донесува сите одлуки самостојно. Во комбинација со недостаток на знаење, ова довело до нејзината пропаст. Овие два фактори покажуваат како дури и брилијантната идеја можат да се претворат во фијаско.
Иако е важно да се има самодоверба во себе и во сопствениот бизнис, но основата на модерна успешна компанија треба да биде истата работа што беше ценета пред 100 години: длабоко знаење, професионален тим, отвореност кон различни гледишта и јасна етичка позиција.
HBO неодамна го објави документарецот „The Inventor: Out for Blood In Silicon Valley“. Филмот раскажува за животот на Елизабет Холмс, за која некои сметаат дека е измамник и социопат, а други – непризнаен гениј и визионер.
Впрочем, нејзината приказна не е толку јасна како што изгледа на прв поглед. Многу луѓе мислат дека таа ја крие вистината и им рекла на инвеститорите дека компанијата е во ред, бидејќи всушност таа верува во нејзината идеја и дека е подготвена да создаде работен прототип на уредот кој целосно ќе го промени она што го знаеме за медицината.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.