Убавица која била родена без лева рака добила бионичка рака која ја користи и како специјален дел од нејзиното шоу. 25-годишната Кејтлин Мишел од Њу Џерси, САД, била родена без подлактица на нејзината лева рака како резултат на нешто што се нарекува вродена ампутација. Од четиригодишна возраст Кејтлин користела стандардна протеза но со неа не можела да се занимава со многу активности поради ограничувањата во поглед на подвижноста.
Но, во декември 2015 година, оваа учителка конечно добила софистицирана бионичка рака која е поврзана со постојните нерви и мускули. По месеци планирање од страна на тим специјалисти за протетика, нејзиниот нов бионички екстремитет внимателно бил обликуван и најпосле ѝ овозможил да има две функционални раце. Кејтлин оттогаш учествува во разни претстави и конвенции за суперхероите од стрип-културата и филмовите, забавувајќи ги фановите. Таа вели:
„Мојата нова бионичка рака е прекрасна, дојде со шест различни начини за стискање и зграпчување, како и ротатор на зглобот што ми овозможува да ја вртам за 360 степени. Со години користам протеза со ограничена можност за движење, па така бев ограничена во поглед на тоа што сакав да правам.
Многу сум среќна што осигурувањето ми ги покри трошоците, бидејќи бионичките екстремитети можат да чинат и до илјадници долари. Мојата нова рака е навистина ефикасна, навистина ги смени нештата. Можам да ја користам цел ден, и потоа преку ноќ да ја ставам да се полни, исто како телефон, навистина. Во раката има сензори кои ги лоцираат најсилните мускулни сигнали и ми помагаат да ја придвижам.
Дизајнирана е совршено да пасува на мојата рака, што е одлично бидејќи ја чувствувам исто како да е дел од моето тело. Сега можам да посегнувам по нешта и со левата рака, што никогаш порено не можев да го правам и многу ми се допаѓа што лесно можам да дофатам сѐ што ќе посакам.“