Од Русија со љубов. Руските воени бродови се приклучија на конфликтот во Сирија со канонада од крстосувачки ракети врз Исламска Држава, додека сириските владини трупи лансираа голема копнена офанзива поддржана од руските воздушни напади. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го извести Владимир Путин дека четири бродови, сместени во Каспиското Море, на 1500 километри оддалеченост, лансирале 26 проектили „Калибр“ – и тврди дека тие ќе погодат единаесет позиции на ИСИС. Видеото објавено од руското министерство за одбрана ги покажува воените бродови како ги лансираат проктилите кои според Шојгу ги уништиле сите предвидени воени цели и не погодиле ниту една цивилна област. Е ова се вика да посегнеш и да досегнеш.
Видеото е на крајот од постот.
НАПАДОТ СО ПРОЕКТИЛИТЕ „КАЛИБР“ ОД 1500 КИЛОМЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТ
ФАКТИ ЗА КАЛИБР НК
Боева глава: до 400 kg бризантен експлозив
Максимална брзина: 3620 km/h
Дострел: 2500 km
Должина: 8.8 метри
Кодно име на НАТО: Sizzler
Крстосувачката ракета се лансира вертикално. Над копно таа лета ниско над земјата, следејќи ја конфигурацијата на теренот со помош на TFR систем, за да ги избегне системите за противвоздушна одбрана. На 40 километри од целта боевата глава се одвојува, се крева во височина и се забрзува до суперсонична брзина пред ударот.
Четири воени бродови од Касписката флота испукале 26 проектили врз 11 цели во северна Сирија. Во флотата се вклучени една фрегата класа Гепард и три корвети класа Бујан-М.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!