Дечко и девојка го документирале растењето на нивниот германски овчар во периодот од осум месеци, и нивната серија фотографии како вирус се рашири на интернет.
Алекс Денисон и Ешли Луис од Гругонг, Австралија се запрепастиле од одговорот кој уследил по објавувањето на фотографиите со нивното куче, коешто го сликале уште откако го донеле дома, на старост од осум месеци. Сега старо нешто помалку од девет месеци, оваа симпатично куче за дваесет и шестгодишната Ешли е преголемо за да го држи во раце, и речиси е големо колку и неа.
Дваесет и петгодишниот Денисон изјавил дека не ни забележал колку пораснало куето сѐ додека не ги прегледале фотофрафиите.
„Според расата, знаевме дека Насра ќе биде голема девојка, но не ни забележавме колку навистина голема пораснала. Дури откако ги прегледавме сликите, тогаш забележавме колку пораснала.“
Насра сѐ уште расте, но речиси ја достигнала својата полна големина. Можете да си замислите што сѐ треба за да се нахрани и одржува вакво куче.