Многу луѓе не се задоволни од својата канцелариска работа, само затоа што им е досадно на работното место. За други пак таква работа е идеална. Сепак има луѓе кои работат во далеку од конвенционални работни средини и земаат добра плата за нивната работа. Вакви работни места не може да најде секој.

14. Професионален гушкач

Постојат компании кои им нудат професионален гушкач на остамените луѓе. За оваа услуга се наплаќа од 60 до 80 долари на час. И запомнете „Ништо повеќе од гушкање!“

13. Нуркач за голф топчиња

На голф терените топчињата често завршуваат во барите или малте езера во близина. Постојат луѓе кои се вработени специјално за да ги вадат топчињата од овие места.

12. Дегустатор на храна за домашни миленици

За да се осигураат компаниите дека домашните миленици јадат вкусна и квалитетна храна, бараат помош од професионален дегустатор на храна за домашни миленици.

11. Тестер на кревети

Како што кажува името овие луѓе тестираат душеци и перници за компании и хотели. Иако изгледа како работа „од соништата“ тестерот треба детално да го анализираат секој душек и кревет и да ја опеделат нивната цврстина, мекост, истрајност и квалитет.

10. „Душкач“ на влажни марамици

Задачата на овие луѓе е да им кажуваат на прозводителите на обични и влажни марамици дали мирисот ќе им се допадне на купувачите и како тие ќе го перципираат.

9. „Пипкач“ на лица

Овие луѓе работат во компании за производство на производи за убавина, но тие не произзведуваат ништо. Нивната работа е за време на пробниот период да ги испитуваат лицата на луѓето кои ставале од производите и да ја почувствуваат разликата во кожата со помош на нивните раце и останати методи.

8. Чекач во ред

Денес луѓето чекаат во ред за банални работи. Како на пример стојат 19 часа за да го купат најновиот Ајфон. Затоа се појави и професијата чекач во ред, така што оние кои не сакаат да чекаат можат да платат некој да го стори тоа наместо нив.

7. Тестер на тобогани

Тестерот на тобогани има за задача да провери дали тобоганот е во исправна состојба и кои се неговите недостатоци. Забавна работа.

6. Молзач на змии

Отровот од змиите може да се користи за многу работи, затоа побарувачка за него расте од година во година. Луѓето кои ги „молзат“ змиите буквално спасуваат животи преку нивната работа.

5. Модел на делови од телото

Не мора да бидете „целосно“ убави за да бидете модел. Луѓето кои имаат убави нозе, раце, дланки, можат да бидат модели во списанија и реклами. Но исто така за некои реклами се потребни и грди раце, нозе, така што има работа за секој.

4. Собирач на црви

За риболов се потреби црви кои се купуваат во специјализирани продавници. А за да стигнат црвите во продавниците потребно е некој да ги пронајде и да ги собере.

3. Дегустатори на предизвици

Постојат одредени шоу програми каде што учесниците добиваат предизвици да јадат инсекти и други ужасни работи. Пред учесниците да го сторат тоа се вработуваат дегустатори кои ги пробуваат предизвиците на свој ризик и потоа се определува дали предизвикот е доволно безбеден за да може да биде извршен. Овие луѓе многу ризикуваат и затоа се „дебело“ платени.

2. Гол модел

Актите се многу познати во уметноста. За да се креираат потребни се модели кое ќе позираат за тоа. Иако оваа работа изгледа лесна, треба да се има во предвид дека моделите можат да бидат во иста положба и по неколку часа.

1. „Душкач“ на пазуви

Овие луѓе работат за производителите на дезодоранси за да го обезбедат квалитетот на производот. Нивната работа е да ги мирисаат пазувите на луѓето за да одредат како функционира прозиводот и потоа пишуваат извештаи и даваат проценки. Тие понекогаш „душкаат“ и по 60 пазуви на час.

Сподели на Facebook
пати видено