25-годишниот Бразилец Ромарио Дос Сантос Алвеш започнал да се занимава со бодибилдинг, но наскоро дознал дека неговата генетика не му дозволува да има мускули како оние билдери од натпреварите, па решил да се „среди“ со синтол.
Не е ниту прв ниту последен, но за малку ќе беше единствениот што ги загубил двете раце поради претераната употреба на синтол.
За среќа докторите успеале да му ги спасат рацете, но животот комплетно му се уништил. Жената и децата го напуштиле нарекувајќи го чудовиште, а го отпуштиле и од работното место телохранител.