На социјалните мрежи се појавија слики со американски бомби и проектили наменети за упориштата на ИСИС, на кои е испишана пораката „Од Париз, со љубов“. Се чини дека пораките се испишани на проектилите „Hellfire“ и бомбите JDAM, како знак на солидарност со погодените од терористичките напади во Париз.

ИСИС ја презеде одговорноста за злосторствата во петок вечерта, за време на кои недолжни луѓе беа безмилосно масакрирани во серија напади со огнено оружје и самоубиствени експлозии. Се чини дека пораката на фотографиите со непотврдена автентичност е напишана од страна на членови на американските воени сили. Испишувањето на графити пораки наменети за целта на проектилите е американска воена традиција уште од Втората светска војна.

usa01  usa03

САД се подготвуваат да лансираат напади врз упориштата на ИСИС во Сирија и Ирак, иако точните цели не се познати.

usa02

Најмалку 129 луѓе беа убиени во серијата координирани напади во француската престолнина, извршени на повеќе различни локации. Францускиот претседател Франсоа Олан на својот народ му кажа дека нападите се „објавување на војна“, по што француските воени сили фрлија 20 бомби врз упоришта на ИСИС во Рака, Сирија, уништувајќи клучен команден центар и тренинг камп на ИСИС. Во меѓувреме, во Франција вооружените сили спроведоа рации во Тулуз, Лион, Гренобл, Кале и две предградија во Париз. Во текот на тие акции во градот Лион беа запленети ракетен фрлач, панцирни појаси, револвери и автоматска пушка Калашников.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено