Има ли нешто поубаво од тоа да сте на вода во добро друштво со ладни, освежителни пијалоци? Можеби ќе си помислите дека во најмала рака за ова би ви требало некој скап чамец, но ќе погрешите.

Група пријатели сакале да се забавуваат на овој начин, но буџетот им бил ограничен. Така решиле да направат нешто оригинално, трошејќи што е можно помалку средства и направиле сплав од стари дрвени палети и пластични буриња. Иако ова не е вистинска замена за чамец, сепак е добар проект кој пружа интересно искуство и многу забава.

Проектот во неговиот почеток – осмислување на обликот на сплавот.

spl01

Потоа пристапиле кон редењето на дрвените палети.

spl02

spl03

По составувањето на долниот дел од сплавот, поставиле дополнителни штици за да го направат сплавот погоден за седење и стоење.

spl04

Се разбира, морале да направат неколку тестови за тоа дали сплавот е доволно издржлив.

spl05

И еве го сплавот целосно завршен.

spl06

Го направиле доволно голем за на него да се постават столици и маса.

spl07

Добрата работа кај овој сплав е што лесно може да се расклопи и транспортира.

spl08

Го составуваат за неговото прво крштевање.

spl09

Како екстра додаток додале и шатор кој ќе им прави сенка во сончевите денови.

spl10

И конечно, време е да се прослави!

spl11

Сподели на Facebook
пати видено