Момче кое тврди дека го држи рекордот за најмногу модификации на телото откри нови слики кои покажуваат како од „нежно дете“ се трансформирал во „Модбој“.
22-годишниот Итан Брамбл од Нов Јужен Велс, започнал со модификации на телото на многу рана возраст. Тој на 11 години ги истегнал ушите и развил фасцинација за тетоважи.
Сега тој ги истетовирал очите, направил дупки во ноздрите, го отстранил папокот, го разделил јазикот и долниот дел од усните и ги модифицирал ушите. Тој на 13 години започнал да се тетовира, а на 17 години ја направил првата екстремна модификација, така што го поделил јазикот на два дела.
Поради големата болка Итан со помош на лекови спиел 5 дена со цел да не се разбуди и да се задуши од сопствената плунка. Сега на 22 години Модбој тврди дека направил околу 40 модификации на телото и дека е најмодифицираниот млад човек во светот.
Тој верува дека неговата одлука не е поразлична од луѓето кои си ја бојадисуваат косата или кои се шминкаат секое утро. Младото момче вели дека тој сака така да изгледа и така се чувствува најдобро.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!