Нат Тинд си ја земал „магичната сина таблета“ за подобрување на перформансите ова лето и се надевал дека ќе има цела вечер исполнета со „акција“.
Наредното утро кога се разбудил по активната ноќ забележал дека „јарболот е сѐ уште кренат“ и знаел дека ова не ниту добро, ниту нормално.
Вијаграта која требала да му даде на Нат незаборавна ноќ, му даде незаборавен месец, но во негативна конотација. Нат се упатил во болница, каде лекарите му дијагностицирале приапизам, што е дефинирано како „долготрајна болна ерекција“. Потоа, медицинските лица морале да користат игли во обид да ја исцедат крвта од неговиот пe*ис, бидејќи експертите предупредуваат дека приапизмот може да предизвика „трајно оштетување“ на пе*исот, ако не се лекува.
Иако до тука веќе звучи како најголемиот кошмар за секој маж, работите стануваат полоши. Кога процедурата со иглите се покажала како неуспешна тој морал да оди на операција. Со овој зафат лекарите влегуваат во пе*исот на пациентот за да се обидат да го исцедат вишокот крв низ мал јаз исечен со скалпел. Дали веќе правите болни гримаси? Чекајте има уште…
Не само што операцијата не помогнала ерекцијата на Нат да исчезне туку момчето се разбудило и го „пречекало“ својот полов орган „осакатен“ и измачен.
Иако неговиот проблем сѐ уште не бил решен Нат бил пуштен од болница по три дена. Тој морал да живее со ерекцијата четири недели, без друг избор освен да се справи со огромната болка што ја придружувала.
За среќа ерекцијата престанала, но не и загриженоста на момчето. По ова што му се случило 26-годишното момче не може да постигне ниту ерекција, ниту оргазам. Со недостиг на доверба во здравствената служба, Нат се надева дека ќе ги посети специјалистите во Белгија и Германија во текот на следните неколку месеци за да види каква помош може да понудат за сѐ да продолжи да „функционира“ како порано.