Кога природата се разгранува – тоа е вистинска магија. Било да се формирале сосема случајно, или со мала помош од човечка рака, најубавите тунели од дрвја во Европа, Америка и Азија се глетка која навистина заслужува да се види. Еве некои од најубавите примери.
Дунел од Гинко дрвја во Токио, Јапонија
И покрај својата репутација за густо населен град и сообраќаен метеж, Токио може да се пофали со некои од најубавите паркови, јавни простори и ботанички градини во Азија
Тунелот од Гинко дрвја, кој раздвојува море од згради, блеснува во сиот свој сјај наесен, кога лисјата ќе добијат блескаво жолта боја.
Селски пат во Милтон Абот, Девон
Овој особен тунел од дрво го обележува влезот во Милтон Абот во Девон. Правиот пат пат е опкружен со илјадници буки кои ги преплетуваат своите гранки над патот и водат во малото село.
Влезот во Ботаничкиот залив во Едисто Ајленд, Јужна Каролина
Во Ботаничкиот залив во Едисто Ајленд, Јужна Каролина, водат стотици дабови дрвја чиишто гранки формираат еден од најубавите тунели од дрвја.
Црешовите дрвја во Шизука, Јапонија
Тунелите од црешови дрвја Кавазу во Шизука, Јапонија се прекрасна шетачка патека ноќе, кога се осветлени, и туристи од целиот свет доаѓаат за да уживаат во глетката.
Централниот Парк во Менхетен, Њујорк
Оваа утринска снимка прикажува еден од бројните тунели од дрвја во Централниот Парк, Њујорк, едно од најпосетуваните места во САД.
Дарк Хеџис, Антрим, Северна Ирска
Овој пат, опкружен со букови дрвја е најфотографираниот природен феномен во Ирска.
Тунел на њубовта, Украина
Индија можеби го има Таџ Махал и Париз е градот на љубовта, но Украина го има неверојатниот Тунел на Љубовта, едно од најромантичните места во светот.
Јаворови дрвја во Лудингтон, Мичиген
Лисјата на јаворите со боја на килибар го прават Конрад Роуд да биде едно од најпријатните шеталишта во светот.
Тунел од јаворови дрвја, Езерото Кавагучико, Јапонија
Оваа глетка може да се види на атрактивната локација во близина на планината Фуџи.
Цутење во Батерси, Лондон
Влезот во гробиштата Батерси во јужен Лондон е украсен со дрвја кои цутат во бели и розови цветови.
Тунел од црешови дрвја, Германија
Ова шеталиште се наоѓа во Бон, Германија. Градот е познат по својата убавина и црешовите цветови. Секое лето улицата Хеерштрасе се претвора во олицетворение на убавината во која уживаат граѓаните и посетители од целиот свет.