Ова се шокантни снимки на мало кутре за коешто ирачките бунтовници тврдат дека му бил врзан експлозив и требало да биде искористено за терористички напад. Џихадистите планирале кучето да ја мине линијата на фронтот кон соперничките сили, каде што експлозивот би бил детониран преку далечински управувач.
Двеминутниот клип прикажува тројца ирачки бунтовници како дискутираат за експлозивната направа. ИД досега употребиле голем број очајни тактики на боиштето со цел да ги задржат своите упоришта во Мосул, Ирак и Рака во Сирија. Терористичката организација употребува дронови на далечинско управување, импровизирани минофрлачи, борци-самоубијци меѓу кои и деца, а ова е само една од низата безочни тактики. Ирачката влада покрена голема офанзива против ИСИС во Мосул со цел да ја истера терористичката група од земјата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!