Дебел социјален работник споделува како го трансформирал својот изглед – и неговиот живот – за само 12 недели за да стане развиен бодибилдер. Откако се здебелил и триесет отсто од неговата телесна тежина се состоеле од сало, Патрик Мањо од Сан Диего, Калифорнија, воопшто не бил задоволен со својот изглед. Но и тоа не било најлошото. Кога докторот му кажал дека постои ризик да развие дијабетес, 29-годишниот маж низ шок решил дека е време за промени во неговиот живот и успеал да ослабне неверојатни 22 килограми за само три месеци.

бб01 бб02  бб03

Патрик тежел 82 килограми, што со оглед на неговата висина било прекумерна тежина, кога тестовите откриле дека високото ниво на шеќер во крвта носело ризик за развој ан дијабетес тип 2, за кој имал генетски предиспозиции. Тој веќе имал можност да види со какви симптоми се справувал неговиот татко и бил решен да не подлегне на истата судбина. Од друга страна, тој се чувствувал заробен на своето работно место, одземајќи деца од растурени домови и насилни родители, како и други стресни ситуации, што го исцрпувало на емотивен план.

бб04 ббо5

Две седмици по предупредувањето на неговиот доктор, чувствувајќи се „изгорен и несреќен“, Патрик го завршил последниот ден на своето работно место и својата девојка со која биле заедно шест години ја запросил за време на една семејна средба. Бил подготвен за почеток на ново поглавје во животот, велејќи: „Морав да се подобрам за мојата свршеница.“

Тој признава дека за одлуката за промени во голема мера придонел неговиот изглед. „Не можев ни да се препознаам себеси“, вели тој. „Се срамев. Си бев одвратен. Просто се срамев што до толку се запуштив.“

Набргу по свршувањето, Патрик слушнал за натпреварот 250К на Bodybuilding.com. Учесниците на тој натпревар морале да го трансформираат својот изглед со додатоци, планирање на оброците и вежбање, а натпреварувачите со најзапрепастувачки резултати добиваат значителна парична награда.

„Тие кажаа дека ќе обезбедат разни планови за исхрана, разни опции и упатства и совети за вежбање апсолутно бесплатно, а како награда нудат 250 000 долари. Звучеше малку предобро за да биде вистинито.“

бб07 ббо6

Сепак, се пријавил и ја користел апликацијата Bodyspace, како и упатството за развивање мускули за 12 недели на Крис Гетин. Тој вовел сосема нов режим на исхрана, заменувајќи ја неквалитетната храна со здрави маснотии, овошје и малку млечни производи, туна, кафеав ориз, јајца и пилешко без кожа. Му бил даден совет да јаде повеќе – да го зголемува внесувањето на калории за 200 секоја недела за да си помогнне во градењето на мускулна маса. Што се однесува до вежбањето, тој се подложил на секојдневна рутина на кревање тегови.

бб10

„Откако навистина го посветив своето време да научам како ефективно да ослабнам, конечно почнав и да ги забележувам резултатите. За време на конкурсот, секој ден минував часови прегледувајќи статии на вебсајтот и впивав се како сунѓер“, раскажува тој. „Немав представа за што се е способно моето тело. Само ми требале вистинските алатки.“

До петтата недела, речиси на половина пат, Патрик вели дека се чувствувал уморен и со болки, но жив, мотивиран, одлучен. Колку повеќе резултати гледав, толку повеќе напор влпжував. Колку повеќе напор вложував, толку повеќе станував подобар.“

бб11

И неговиот напор на крајот се исплатил, бидејќи бил прогласен за победник на натпреварот за трансформација 250К на Bodybuilding.com за 2016 година. Сега има 24 отсто помалку телесни маснотии, значително го намалил ризикот за заболување од дијабетес и кеширал награда од 250 000 долари. А згора на се, сега работи и како личен тренер. Ете, на тоа се вели радикална промена во животот и остварување на својот сон.

бб16

„Најголемата награда ми е тоа што си го повратив здравјето. Кога нешто сакате да постигнете, нема да спиете, ќе се откажете и од излегување со другарите и се што треба, само за да го добиете тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено