Кинеските власти се шикирале кога еден човек им кажал дека употребувал експлозивна направа како помагало за кршење ореви. Овој поединец, кој очигледно немал поим што прави, ја предал гранатата на властите откако прочитал полициски памфлет во кој властите ги повикувале луѓето да ги предадат експлозивите кои ги поседуваат.
Оваа граната од 1960-тите му ја дал некој пријател во 1991 година. Верувајќи дека активирачкиот механизам на гранатата е отстранет, тој си помислил дека дрвената рачка и телото од лиено железо се идеални за – кршење ореви. На полицијата ѝ кажал дека не ни знаел дека поседувањето експлозивна направа е нешто незаконско. Не е утврдено дали 50 години старата граната можела да експлодира.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!