Фотограф кој патувал низ Африка, документирајќи ги племенските општества вели дека луѓето таму биле некои од најсреќните коишто воопшто ги сретнал во животот, и покрај тешките услови за живот.
38-годишниот Марио Герт од Ерфурт, Германија, крстосувал низ континентот во текот на седум години и се запознал со традиционалните општества кадешто луѓето носат животинска кожа и живеат во колиби направени од кравји измет.
„Првото нешто кое го забележав помеѓу племињата е колку тие беа среќни“, вели тој. „Тие живеат во толку сурови услови, но во нивната земја носат толку многу боја и смеа. Племињата се сретнале и дознале за другите народи од развиени земји во светот, но тие се задоволни со животот кој го имаат. Не гледаат никаква потреба а промена.“
Марио патувал низ селата со доверлив водич, кој претходно бил прифатен од племињата како пријател. „Бев исклучително привилегиран да ги фотографирам. Тие отпрвин се сомничави кон посетителите, но кога ќе увидат дека не сте закана, стануваат многу отворени и гостопримливи.“