Господ решил да одржи состаник со државните лидери. Најпрвин го прашал Обама што е важно за неговата земја.
– Кога ќе ја добиеме војната против тероризмот? – Прашал Обама.
– Нема да си жив да видиш – одговорил Господ.
Обама се расплакал и го напуштил состанокот.
Господ се свртел кон Путин.
– Кога Украина ќе се врати кон своите корени? – Прашал Путин.
– Нема да си жив да го видиш тоа. – Одговорил Господ.
Путин се расплакал и го напуштил состанокот.
Господ се свртел кон Ѓорѓе Иванов.
– Кога Македонија ќе ги достигне просечните примања во ЕУ? – Прашал Ѓорѓе Иванов.
Господ се расплакал и го напуштил состанокот.